Во утринската емисија на Канал 5 телевизија беше отворена интересна и актуелна тема – терапевтското пирсање и неговата примена како комплементарен пристап за стимулирање на нервниот систем.
Гостинка во емисијата беше Наде, која зборуваше за искуствата од работата со клиенти и за состојбите поради кои најчесто се обраќаат за консултација.
Во разговорот посебно внимание посветивме на пирсањето на одредени точки на увото, кои се поврзуваат со акупунктурни точки и стимулација на нервните завршетоци. Објаснивме дека овој пристап се фокусира на релаксација и стимулација на нервниот систем, а клиентите најчесто пријавуваат чувство на опуштеност. Истовремено, нагласуваме дека терапевтското пирсање не претставува медицински третман и не треба да ги замени лекарските прегледи и терапии, особено кај сериозни или дијагностицирани состојби.
Мигрената ја издвоивме како една од најчестите причини поради кои луѓето бараат ваков тип консултација. Разговаравме и за стресот, анксиозноста и паничните напади, како состојби кои можат значително да влијаат врз целокупното чувство на благосостојба. Во текот наемисијата посочивме и дека стимулацијата и масажата на ушите може да биде едноставен начин за релаксација, имајќи ја предвид богатата мрежа на нервни завршетоци во пределот на ушната школка.
На крајот упатуваме порака до сите кои имаат одредена болка или непријатност и сè уште го бараат вистинскиот пристап за себе. Пред да се донесе одлука за каков било третман, најважно е да се направи соодветна консултација и да се процени дали овој пристап е воопшто погоден за конкретниот случај. Сите заинтересирани можат да се обратат за бесплатна консултација и преглед, со цел да добијат повеќе информации и индивидуална проценка.

